Резултати за пребарувањето: поп
поправи 2 | св.
Прави, врши нешто малку, кратко време. Тој застана да поправи муабет со соседот.
попумпа | св.
Пумпа малку, некое време. Попумпа вода од чешмата во дворот и ги навади цвеќињата.
попрвин | прил.
Прво, пред сѐ; најпрвин. Попрвин кажете ми зошто сте дојдени.
пописен | прид.
Што се однесува на попис, на попишување. Пописни комисии. Пописна листа.
попреку | прил.
напреку. Откако го изоде попреку сиот двор, застана под сенката на едно дрво.
попости | св.
Пости малку или некое време. И тој попости неколку дена.
попален | прид.
Што е изгорен, обгорен од оган. Попалени плевни.
попосле | прил.
Компаратив од после – малку подоцна. Тој им вети дека попосле ќе дојде кај нив.
епопеја | ж.
(лит.) Низа настани што се опишуваат во епска песна; еп.
попоска | св.