Резултати за пребарувањето: предок
предок | м.
Далечен роднина, крвен сродник по таткова или мајчина линија. Фамилиите биле именувани по името или прекарот на предокот. Нашите предци се доселиле од друго село.
напредок | м.
Напредување, постигање, успех; прогрес. Културен напредок. Економски напредок. Сестран напредок. Постигне голем напредок.
попредок | м.
Вечерна седенка во село, на која се собираат девојки и жени за да предат, плетат и сл.