Резултати за пребарувањето: рис
центрист | зам.
Тој што е определен за политиката на центарот;
приседне | св.
Седне за кратко време, поседи некаде некое време. Тој приседна на клупата во паркчето. Најде празно место во градскиот автобус и приседна.
хрисовул | м.
Средновековна грамота на владетел со златен потпис и печат.
присутен | прид.
Што присуствува негде, на некој настан.
хуморист | м.
Автор на хумористични дела. Писател хуморист. Истакнат раскажувач, есеист и хуморист.
багерист | м.
Човек што управува со багер. Багеристот ја собра целата земја.
манирист | м.
Претставник на маниризмот.
пристане 2 | св.
За кораб, чун и сл. ‒ доведе до пристан, застане на пристан. На брегот пристана голем чун.
пристоен | прид.
Што е во согласност со прифатените норми на однесување. Пристојна забава. Пристојна кошула.
пристава | несв.