Резултати за пребарувањето: рис

присади | св.

Насади покрај нешто, насади уште малку.

смириса | св.

Почне наеднаш да мириса на нешто, нешто да пушта мирис. Наеднаш смириса на изгорено.

мирисне | св.

Го мирисна цвеќето.

аферист | м.

Човек што шири, што предизвикува афери.

пристан | м.

Место на река каде што може да се застане. Каменлив пристан. Стоеше на пристанот и гледаше во брзаците. Тој го чекаше другарот на пристанот.

присрце | прил.

Со многу чувства, многу емотивно. И случајната забелешка ја примаше присрце. Тој не ја зема присрце молбата.

кристал | м.

(геол.) Тврдо тело што има правилен надворешен облик на полиедар. Кристали на морска сол.

кипарис | м.

Зимзелено дрво, што расте во јужните, топли краишта, чемпрес; Cupressus sempervirens.

пристап | м.

Пат, место за пристапување, приоѓање. Пристапите кон градот беа блокирани.