Резултати за пребарувањето: род

доброди | св.

Пристигне пловејќи. Бродот наш ќе доброди по мирни води.

роднина | ж.

Лице што се наоѓа во крвно сродство со некого. Ние со него сме блиски роднини.

продира | несв.

родница 1 | ж.

Земја што дава добар род; родна земја. Земја родница.

родовит | прид.

Што дава многу род; родлив.

родилка | ж.

Жена што родила скоро или која тукушто раѓа. Младата родилка се чувствува добро. На родилките им ги донесоа бебиња да ги дојат.

мародер | м.

Лице што ограбува загинати и ранети војници.

родница 2 | ж.

Надворешен дел од женскиот полов орган.

родител | м.

а) Татко. Тој е добар родител. б) Мајка. Таа е мојот биолошки родител.

природи | св.

Роди уште (во нов брак, покрај децата од претходниот брак). Природи уште едно дете.