Резултати за пребарувањето: рт
тлоцрт | м.
План на градежен објект изведен како цртеж. Тлоцрт на зграда.
мортус | прид.
Само во изразот Мортус пијан – многу пијан.
картеч | м.
Вид топовска граната исполнета со топчиња што при пукање се распрскуваат.
коверт | м.
Хартиена обвивка во која се испраќа писмо; плик. Со ситен ракопис ја напиша адресата на ковертот.
картер | м.
Дел од автомобилски мотор, во кој се врши подмачкување на неговите најважни делови.
тртори | несв.
Дрдори, брбори. Трторат жените в куќа.
фртома | ж.
кортеш | м.
Политички активист што агитира за некого, што собира гласови.
картел | м.
Облик на монополистичко здружување во областа на индустријата и на капиталот заради отстранување на конкуренцијата.
дартма | ж.
Крпа за бришење.