Резултати за пребарувањето: рт

артизам | м.

Стремеж во уметноста за искористување на сите стилски и технички средства за создавање врвно уметничко дело; висока уметност. Неговата уметност иако се одликуваше со артизам, беше ценета од публиката.

опортун | прид.

Поволен, соодветен на околностите, целисходен. Опортун предлог.

неврток | м.

Во изразот: четврток неврток (според народна приказна) – ден во кој не треба да се преде.

инертен | прид.

Што е без иницијатива, тромав, мрзлив, пасивен.

биртија | ж.

Кафеана од ниска категорија. Селска биртија. Оди по биртии.

начкрта | св.

Лошо, набрзина напише или нацрта нешто.

нацртен | прид.

Што се однесува на проучување и прикажување на тродимензионални предмети преку дводимензионални проекции, нацрти; обично во составот: нацртна геометрија.

шпартан | прид.

Што е обележан, исцртан со прави линии. Шпартани листови. Шпартано платно. Шпартана градина.

на'ртен | прид.

Што има 'ртулци, што е со 'ртулци. Пожелно е да се садат на'ртени компири.

нартекс | м.

Предворје на храм.