Резултати за пребарувањето: рт

транспорт | м.

Пренесување, превоз на патници и стока со помош на превозно средство. Авионски транспорт. Железнички транспорт. Транспорт на патници.Транспорт на метална руда. Транспорт на животни со бродови.

травертин | м.

Бел или жолтеникав бигорен камен што се користи како градежен материјал.

тортелини | и.

Исушено тесто во различни форми исполнето со сирење, зеленчук и сл.

партнерка | и. ж.

Зборот е поврзан со:

спартанец | м.

Спартанец, Спартанци м. Жител на старата Спарта.

мртовечки | прид.

Што се однесува на мртовец, што е наменет, својствен за мртовец. Мртовечки сандак. Мртовечка кола. Мртовечка книга. Мртовечки одар. Мртовечко бледило. Мртовечка вкочанетост. Сиво како мртовечко око.

вртканица | ж.

Непотребно задржување, губење време. Немам време за вртканици со судот!

кртешници

Зборот е поврзан со:

партнерки

Зборот е поврзан со:

смурти се | св.

Добие нерасположен, незадоволен, налутен израз на лицето; се намурти, се намршти. Се смурти и ништо не рече.