Резултати за пребарувањето: сапун
сапун | м.
Хемиско средство во тврда состојба за миење, перење. Тоалетен сапун. Детски сапун. Сапун за алишта. Сапун од камилица. Сода за варење сапун.
сапуни
Зборот е поврзан со:
сапуни | несв.
Мачка со сапун; Пред да се бричи, го сапунеше лицето. Го сапунеше своето витко тело.
сапунар | м.
Тој што прави сапун. Тој беше сапунар во фабриката за сапун.
сапунат
Зборот е поврзан со:
сапунче | и. ср.
Зборот е поврзан со:
сапунче | ср.
Дем. од сапун.
сапунен | прид.
Што е од сапун. Сапунени меури.
сапуница | ж.
Бела пена добиена од сапун и вода. Меур од сапуница. На лицето имаше остатоци од сапуница.
сапуниса | св.
Намачка со сапун. Ја сапуниса косичката на бебето.