Резултати за пребарувањето: син
синаповиот
Зборот е поврзан со:
полисиндет | м.
(лингв.) Честа употреба на сврзници како врска во сложената реченица. И кој како доаѓал и доаѓа, и кој како минувал и минува се вљубува во оваа земја.
прексиноќа | прил.
Завчера вечерта, некнивечер. Си дојдовме прексиноќа.
сивосинкав | прид.
Што е сив и малку синкав, сив со синкава нијанса. Сивосинкав чад.
сингуларен | прид.
Што се однесува на сингулар, еднински. Сингуларни форми.
синдикален | прид.
Што припаѓа, што се однесува на синдикат. Синдикален лидер. Синдикална книшка. Синдикално движење. Синдикален дом. Синдикален весник.
синдикалец | м.
Член на синдикат.
синемаскоп | м.
Техничка постапка што овозможува на обична филмска лента да се сними многу поширок филмски простор.
сино-зелен | прид.
Што е со сино и со зелено.
синологија | ж.
Наука што го проучува кинескиот јазик, литература, историја, култура и сл.