Резултати за пребарувањето: стопанство

стопанство | ср.

Целокупност на производните и непроизводните дејности во сферата на материјалното производство, односно сферата на општествена репродукција, како материјалното производство така и прометот. Пазарно стопанство. Планско стопанство. Социјалистичко стопанство. Капиталистичко стопанство.

електростопанство | ср.

Гранка од стопанството, која се занимава со искористување на природните извори на енергија за производство на електрична енергија, со пренос и со доведување на електричната енергија до потрошувачите.