Резултати за пребарувањето: тага

тага | ж.

Длабока душевна болка, жал. Тешка тага. Не чувствуваше ни умор, ни напор, ниту тага. Тој со голема тага на душата испушти една воздишка. Очите на луѓето се полни со тага.

тагар | м.

Сад за брашно во форма на мал барабан отворен од едната страна што служи и како мерка за жито (околу 50 кг). Таа донесе еден тагар брашно.

тагари

Зборот е поврзан со:

тагари | несв.

Надува, набрекнува. Треската му го тагари мевот.

достага | ж.

Тегоба, мака, јад. Таа достага со време стивна. Овие луѓе околу неа се тешки од болка и достага. Кога го видов толку расплакан, достага ми падна.

тагарат

Зборот е поврзан со:

тагарче | ср.

Вид кожена торба; тагарчик. Овчарите ги наполнија своите тагрчиња со леб.

јатаган | м.

Вид долг, тенок, малку закривен ориентален меч, карактеристичен за османлиската војска. Остар јатаган. Се појавија сејмените со исукани јатагани.

јастагач | м.

Вид синија (за месење и сл.).

тагарчик | м.

Вид кожена торба; тагарче.