Резултати за пребарувањето: так

истакнат | прид.

Што се издвојува, што е познат во јавноста по некоја особеност (храброст, дарба и сл.). Истакнати собирачи на народни умотворби. Истакнат научник. Истакнат борец.

тактичен | прид.

Што има чувство за такт, што има чувство за мерка во однесувањето и држењето. Иако беше тактичен, тој не можеше да ги прифати сите негови испади.

тактички | прид.

Што се однесува на тактика. Тактички маневар. Тактичка грешка. Тактичка единица.

батаклив | прид.

Блатен, блатски, каллив, каловит. Ме доведоа во батакливо место.

стаклари

Зборот е поврзан со:

стаклест | прид.

такуѓере | прил.

Исто така. Тој такуѓере се потсмеваше со неа.

застакли | св.

Стави стакло на нешто. Фотографиите беа врамени и застаклени.

тактичар | м.

Тој што умее да изгради и да спроведе определена тактика, што умее да определи тактика на определено дејствие. Тој е одличен стратег и воен тактичар.

батакчии

Зборот е поврзан со: