Резултати за пребарувањето: теле
телевизија | ж.
(обично во едн.) Предавање и примање, истовремен пренос на подвижни слики и звуци од далечина преку електрични сигнали. Гледаме филм на телевизија.
бестелесен | прид.
Што е без тело, што се јавува како привидение; нематеријален. Бестелесен лик. Бестелесна тежина. Бестелесно самовилско суштество. Бестелесни души.
утешителен | прид.
Што дава утеха, што е за утеха. Утешителни зборови. Утешителна насмевка.
телекамера | ж.
Фотографска камера за снимање од далеку.
телеграфира | св. и несв.
Испрати, испраќа телеграма.
презрителен | прид.
заканителен | прид.
Што изразува или содржи закана. Заканителен поглед. Заканителни гласови.
поразителен | прид.
Поразителни резултати.
исцелителен | прид.
попивателен | прид.
Попивателна хартија.