Резултати за пребарувањето: тил
котило | ср.
Место каде што се котат животните. Од визбата направија котило за глувци.
китило | ср.
Тоа што служи за китење; накит.
рептил | м.
(зоол.) Влекач, влечуга (крокодил, гуштер, змија и сл.). Во Австралија има различни видови рептили. Јајца од рептили.
дактил | м.
Трисложна метричка стапка во која е нагласен првиот слог.
сетило | ср.
Еден од петте органи кај човекот и кај животните преку кој се примаат впечатоците и дразбите од надворешниот свет (за вид, слух, допир, вкус, мирис). Сетило за вкус. Сетило за мирис.
Антили | и.
Група острови во Карипското Море.
мантил | м.
Капут од потенок, полесен материјал, за пролет и есен.
котила
Зборот е поврзан со:
метили
Зборот е поврзан со:
вентил | м.
Механичка направа со која се врши отворање и затворање на преминот на гасови или течности низ цевка. Ни по одвртувањето на вентилот не протекуваше капка вода.