Резултати за пребарувањето: торта
торта | ж.
Вид десерт, направен од пандишпан, обично во тркалезна форма, во една или во неколку кори кои се филуваат најразлично (со млечни, овошни, чоколадни и друг вид кремови или преливи). Божиќна торта. Посна торта. Торти со чоколадо.
реторта | ж.
Стаклен сад што се употребува во хемиските опити, со крушковидна форма и со долго извиено грло. Стерилизирана реторта. Празна реторта.