Резултати за пребарувањето: троп

тропка | несв.

Тропа по малку, кратко време. Жената тропкаше со наланите по дворот. Момчињата љубопитно тропкаа на металната врата. Човекот нервозно тропкаше со прстите по масата.

натропа | св.

Изнакаже премногу неважни работи, сè и сешто.

тропски | прид.

Што е карактеристичен за тропите. Тропска клима. Тропско лето. Тропски шуми.

тропоти | несв.

Испушта или прави остар звук проследен со тропот, тропа. По гумната тропотеа коњи. Тропотеше со капаците од тенџерињата.

питропи

Зборот е поврзан со:

затропа | св.

Почне да тропа; тропа. Затропа со прстите по масата. Чекаше некое време, а потоа затропа уште посилно.

тропало | ср.

Метална направа за тропање на порта.

епитроп | м.

Црковен намесник, застапник.

потропа | св.

Почука (на врата и сл.). Потропав на вратата, ама никој не ми отвори.

истропа | св.

Тропне одненадеж и силно; стропа. Одеднаш нешто истропа и ја прекина тишината.