Резултати за пребарувањето: ум
друм | м.
наум 2 | прил.
Без гледање, без читање на текстот, напамет; во ум, не гласно. Ги знае наум сите црковни празници. Читај си наум, не пречи им на другите. Библијата си ја чувала под перница и наум ја читала и ја учела.
кума | ж.
Сопруга на кумот.
пума | ж.
Ѕвер од родот на мачките со светлосиво крзно кој живее во Северна и Јужна Америка, планински лав; Profelis concolor.
куми | несв.
Моли некого, преколнува. Ме молеше и кумеше. Си го кумел со бога да ти излезе од куќата.
дума | несв.
Мисли, размислува. Цела ноќ думав. Удри, ич не думај!
дума | ж.
(дијал.) Збор. В полиција дума не рече. Секоја негова дума кажуваше пророштво. Со други думи речено.
изум | м.
Тоа што е измислено како резултат на умствена работа; пронајдок. Комбајните се релативно нов изум и постојано технички се усовршуваат.
ѓуме | ср.
Скривница покрај мочуриште, бара, река и др. што им служи на ловците за лов на диви гуски и сл.
гума | ж.
(само едн.) Еластична, растеглива материја добиена со вулканизација на суров каучук.