Резултати за пребарувањето: ум

дум! | изв.

Збор за подражавање на звукот при пукање или при силен и краткотраен удар. Дум-дум-дум, татнеа ѕидовите. Чифтето мое направи едно дуум.

изум | м.

Тоа што е измислено како резултат на умствена работа; пронајдок. Комбајните се релативно нов изум и постојано технички се усовршуваат.

кума | ж.

Сопруга на кумот.

ѓуме | ср.

Скривница покрај мочуриште, бара, река и др. што им служи на ловците за лов на диви гуски и сл.

сума | прил.

Во големо количество, во голем број, многу, полно. Тој донесе сума пари. Изврвел сума патишта до родниот крај. По немирите затворија сума луѓе.

дума | несв.

Мисли, размислува. Цела ноќ думав. Удри, ич не думај!

куми | несв.

Моли некого, преколнува. Ме молеше и кумеше. Си го кумел со бога да ти излезе од куќата.

умен | прид.

Што се истакнува со својот ум, што е послушен, добар, воспитан. Умно момче. Умна жена. Умни деца.

пума | ж.

Ѕвер од родот на мачките со светлосиво крзно кој живее во Северна и Јужна Америка, планински лав; Profelis concolor.