Резултати за пребарувањето: ум

шумкар | м.

Назив за партизани од страна на бугарската власт за време на Втората светска војна. Планината е полна со шумкари.

шумнат | прид.

Обраснат со шума, шумовит, пошумен. Шумнат предел. Шумнато стебло.

ничкум | прил.

Со лицето кон земјата, не на грб, превртен наопаку. Легна ничкум на кревет. Сликата падна ничкум. Се сврте ничкум.

бујрум | изв.

Повели, повелете. Бујрум, коџабаши, бујрум, повели седни, да направиме еден муабет.

агруми | и.

Општ, заеднички назив за јужното овошје со киселкав вкус, лимон, грејпфрут и сл.

умножи | св.

намножи.

игумен | м.

Старешина на машки православен манастир.

шумјак | м.

Ситна шума, мала гора. Зазеленет шумјак. Во шумјаците има секогаш дивеч.