Резултати за пребарувањето: фил

дефилира | несв.

Минува во дефиле.

филијала | ж.

Оддел, клон на некоја установа, големо претпријатие и сл. Филијала на Стопанска банка.

хлорофил | м.

Материја кај растенијата што им ја дава специфичната зелена боја и го овозможува процесот на фотосинтеза.

филмолог | м.

Тој што се занимава со филмологија.

педофили

Зборот е поврзан со:

филтрира | св. и несв.

Процеди, процедува, прочисти, прочистува, пропушти, пропушта низ филтер материја во течна или гасовита состојба. Ја филтрираат водата за пиење. Лаборантите во клиничката лабараторија, за определени анализи ја филтрираат крвта. Филтрите вградени во современите возила ги филтрираат издувните гасови.

филипика | ж.

(истор.) Остар политички говор на старогрчкиот говорник Демостен против кралот Филип Македонски.

Филипини | ср.

Островска држава во Азија.

филистер | м.

Самозадоволен и ограничен човек со тесен секојдневен и малограѓански хоризонт и лицемерно поведение.

филигран | м.

Техника на изработување накит од тенка златна или сребрена жица слична на тантела.