Резултати за пребарувањето: фосфор
фосфор | м.
Хемиски елемент што се среќава во различни минерали во природата, кој е многу отровна и лесно запалива светлечка материја; симбол P.
фосфорен | прид.
Што содржи фосфор. Фосфорна киселина. Фосфорни руди. Фосфорни ѓубриња.
фосфорно | прил.
Со светлина како фосфор. Фосфорно светат костените.
фосфорниот
Зборот е поврзан со:
фосфоресцира | несв.
Има својство на фосфоресценција, предизвикува, прави, создава фосфоресценција.
фосфоресцентен | прид.
Што се однесува на фосфоресценција, што има својство на фосфоресценција. Фосфоресцентен прав.
фосфоресценција | ж.
Својство на некои тела во темнина да ја испуштаат апсорбираната светлина; испуштање на таква светлина.
фосфоресцираат
Зборот е поврзан со:
фосфоресцентниот
Зборот е поврзан со:
фосфоресцирајќи
Зборот е поврзан со: