Резултати за пребарувањето: сестра

сестра | ж.

Ќерка во однос на другите деца на исти родители. Браќа и сестри. Три сестри. Постара сестра. Најмалата сестра е најгалена.

сестран | прид.

Што има широко образование, што покажува интерес за многу области, што се разбира во многу дејности. Сестрана творечка личност.

сестрано | прил.

Зборот е поврзан со:

присестра | ж.

Сестра само по татко или само по мајка; полусестра.

полусестра | ж.

Сестра крвно поврзана преку еден од родителите. Полусестра по татко.

сестраниот

Зборот е поврзан со:

сестраност | и. ж.

Зборот е поврзан со:

посестрат и посестрими

Зборот е поврзан со: