Резултати за пребарувањето: шајка

шајка 2 | ж.

Чамец, мал воен брод со весла. Војниците со шајки ја минаа реката.

шајка 3 | ж.

Група разбојници, банда. Тој оформи шајка со своите другари.

шајка 1 | ж.

Долгнавест предмет (од метал или од дрво) со една заоблена страна (глава) и една остра (врв) што служи за поврзување; клинец. Тегла полна со мали шајки. Дрвени шајки. Голема шајка.

шајкача | ж.

Вид војничка капа од чоја што ја носеле српските војници. Тој дојде со шајкача на главата. Искината шајкача.

шајкачи

Зборот е поврзан со:

шајкаџии

Зборот е поврзан со:

шајкаџија | м.

Учесник во разбојничка банда, бандит; Од мирни деца станаа шајкаџии.

шајкаџиски | прид.

Зборот е поврзан со: