Резултати за пребарувањето: фил

дефиле | ср.

Параден марш (на војска); свечена поворка.

филџан | м.

Сад од кој се пие кафе, чај, шербет или салеп, првобитно без рачка. Филџан кафе.

филизи | несв.

Отстранува филизи.

филтер | м.

(техн.) Прибор, направа или материја за прочистување на течности, гасови и сл. Цигари со филтер. Филтер за кафе. Филтер за масло. Филтер за воздух.

филети | и.

Тенки шницли од рибино месо. Уред за смрзнување на рибини филети.

филдиш | м.

Слонова коска.

профил | м.

а) Изглед на лице или на предмет гледани отстрана. б) Слика или цртеж на ваков изглед. Уметникот сликаше извонредни профили.

нафиле | прил.

Залудно, бесполезно.

филува | несв.

Премачкува, полни со нешто. Домаќинката ја филува тортата со млечен крем и свежо овошје. Таа ги филуваше палачинките со мед и мелени ореви.