Резултати за пребарувањето: час

навчас | прил.

Веднаш, брзо, за многу кусо време. Навчас ќе биде готово. Снегот навчас се стопи. Навчас ќе почнеме со работа.

завчас | прил.

Многу брзо, веднаш, вчас. Уморот завчас исчезна. Завчас се облече и излезе.

часкум | прил.

Веднаш, во истиот момент. Луѓето часкум престанаа да плачат. Часкум сфати дека згрешил.

вчасот

Зборот е поврзан со:

вчасум

Зборот е поврзан со:

участок | м.

Полициска станица. Партизаните извршија напад на участокот.

небичас | прил.

Веднаш, на часот, во истиот момент, за миг, за многу кусо време. Излезе, божем, на пазар ќе оди, небичас се врати.

часовен | прид.

Што се однесува на час. Часовни зони.

частици

Зборот е поврзан со: