билка

Именка, женски род

Значење на билка:

1. Тревка, растение со лековита или со магиска моќ. Старецот прави мелем од билки. Од коприва, штавеј и од други билки може да се свари чорба за појака крв. Не сум билка лековита, туку сум билка разделита. Билките се чуваат далеку од урочливи очи.

2. (арх.) Лек.

Множина: билки.

Оригинални податоци:

билка, мн. билки ж. 1. Тревка, растение со лековита или со магиска моќ. Старецот прави мелем од билки. Од коприва, штавеј и од други билки може да се свари чорба за појака крв. Не сум билка лековита, туку сум билка разделита. Билките се чуваат далеку од урочливи очи. 2. (арх.) Лек.