закон

Именка, машки род

Значење на закон:

1. Правен пропис, нормативен акт, донесен од надлежен орган на државата, со кој нешто се определува, се уредува. Собранието донесе закон. Кривичен закон. Закон за финансиско работење.

2. Установен ред, правило во определена средина; обичај, традиција. Законот наш не дава помлада ќерка да мажиш пред постарата. Неговиот збор беше закон во фамилијата. Вие ги нарушивте законите на витештвото.

3. Норми и правила на однесувње, општопризнати морални обврски. Љубовта не почитува никакви закони. Тој си имаше свои закони на однесување. И во детските игри имаше закон.

4. а) Состојба што произлегува од односот меѓу појавите во природата и реалноста. Човекот не ги почитува законите на природата. б) Утврдена научна вистина, правило. Архимедов закон. Закон на гравитација. Фонетски закони.

5. (арх.) Вера, верски прописи. Законот на Христа нам не ни дозволува да се жениме повеќепати.

Множина: закони.

Фразеолошки израз / поговорка:

Законот стапи во сила – почне да се применува определен закон. Стави надвор од законот – лиши некого од определени граѓански и политички права, забрани нешто (организација и сл.). Во името на законот – така како што налага законот. Божји закон – правила во христијанската религија. Драконски закони – многу сурови мерки. Нужда закон менува – неопходно е, мора да се направи нешто. Секое село и закон (си има) – секој работи како што знае и умее, како што навикнал. Човек на (од) законот – тој што го познава или што го применува законот; правник.

Оригинални податоци:

закон, мн. закони м. 1. Правен пропис, нормативен акт, донесен од надлежен орган на државата, со кој нешто се определува, се уредува. Собранието донесе закон. Кривичен закон. Закон за финансиско работење. 2. Установен ред, правило во определена средина; обичај, традиција. Законот наш не дава помлада ќерка да мажиш пред постарата. Неговиот збор беше закон во фамилијата. Вие ги нарушивте законите на витештвото. 3. Норми и правила на однесувње, општопризнати морални обврски. Љубовта не почитува никакви закони. Тој си имаше свои закони на однесување. И во детските игри имаше закон. 4. а) Состојба што произлегува од односот меѓу појавите во природата и реалноста. Човекот не ги почитува законите на природата. б) Утврдена научна вистина, правило. Архимедов закон. Закон на гравитација. Фонетски закони. 5. (арх.) Вера, верски прописи. Законот на Христа нам не ни дозволува да се жениме повеќепати. ◊ Законот стапи во сила – почне да се применува определен закон. Стави надвор од законот – лиши некого од определени граѓански и политички права, забрани нешто (организација и сл.). Во името на законот – така како што налага законот. Божји закон – правила во христијанската религија. Драконски закони – многу сурови мерки. Нужда закон менува – неопходно е, мора да се направи нешто. Секое село и закон (си има) – секој работи како што знае и умее, како што навикнал. Човек на (од) законот – тој што го познава или што го применува законот; правник.