засевка | ж.

Свадбен обичај што се изведува во определен ден пред свадбата, при што се засејува брашно за свадбениот леб.

засега | прил.

Сега, за ова време, за овој период, додека не се промени нешто. Засега толку можеме да сториме. Засега не ни требаат пари. Засега само ќе молчиме.

засегнат | прид.

Што е вознемирен, навреден, погоден од нешто; Од тие зборови тој се најде засегнат.

засегне | св.

Допре, чепне некого или нешто. Кучето беше толку лошо што не даваше со рака да го засегнеш.

заседа | ж.

Скришно место, позиција од која се изведува ненадеен, неочекуван напад. Тие фатија заседа зад буките. Од партизанските заседи грмнаа истрели.

заседава | несв.

Држи седница, состанок; води состанок или учествува во работата на некое тело. Советот за одбрана ќе заседава деновиве. Делегатите заседаваа цела ноќ.

заседание | ср.

Собир, состанок на членови на некоја организација, колектив и сл. заради разгледување и донесување одлуки. Работата на заседанието се одвиваше во три секции. Пленарни заседанија.

заседи се | св.

Се задржи долго време на едно место. Тој се заседел во кафеаната до полноќ.

заседла | св.

Стави, намести седло на коњ. Тој го заседла коњот.