Балканец | м.

Човек што живее или потекнува од Балканскиот Полуостров.

балканизам | м.

Карактеристична особеност на балканските народи, односно целокупноста на таквите особености. Историјата на балканските народи е именувана како балканизам.

балканизација | ж.

Пренесување обележја, карактеристични за животот, обичаите и јазиците на балканските народи. Да не дозволиме балканизација на Африка!

балканизира | св. и несв.

Воведе, воведува балкански методи и балкански начини на управување. Европските колонизатори сакаа да ја балканизираат Африка.

балканијада | ж.

Спортски натпревари на претставници од балканските народи. На оваа балканијада Македонија го освои првото место.

балканистика | ж.

Наука што го проучува животот, културите, јазиците и др. на балканските народи. Во тематската област балканистика авторите на трудовите навлегуваат во повеќе потесни тематски подрачја.

балканолог | м.

Научник кој се занимава со балканологија.

Балкански Полуостров | м.

Полуостров во Европа.