квачка | ж.

Кокошка што квачи јајца и се грижи за пилињата. Крај буништето си преташе една квачка со пилиња.

Квебек | м.

Провинција во Канада.

квекер | м.

Припадник на протестантска секта во Англија и Северна Америка.

квестионар | м.

Збир на прашања или прашања и одговори од различни области, прашалник.

квечер | прил.

Непосредно пред вечер, пред самрак. Квечер ќе дојдам кај тебе.

квечерен | прид.

Што се случува во квечерина. Квечерен ветрец. Квечерни сенки.

квечерина | ж.

Време при крајот на денот, пред паѓање на самрак. Квечерината беше пријатна, иако на небото брзаа натежнати облаци.

квечерка | ж.

Вид трева што навечер, во квечерина шири опоен мирис.

квечерум | прил.

Тој ми рече дека квечерум ќе дојде кај мене.

квиз | м.

Натпревар во знаење. Телевизиски квиз. Часовите организирани во вид на квиз побудуваат голем интерес кај учениците.