Кишинев | ср.

Главен град на Молдавија.

кишка | ж.

Крпа за бришење пушка.

Кјото | ср.

Град во Јапонија.

клава | несв.

клавијатура | ж.

Сите клавиши на пијано, оргули и сл. Погледна во нотната тетратка и почна да ги движи прстите по клавијатурата. Инструменти со клавијатури.

клавијатурист | м.

Музичар што свири на клавир, на пијано; клавирист, пијанист.

клавир | м.

Музички инструмент со клавиши со чија помош се пренесуваат удари на чеканчиња врз затегнати жици и се произведува звук; пијано.

клавирист | м.

Музичар што свири на клавир, пијанист.

клавиш | зам.

Подвижна пластична плочка или копче, што се притиска или удира со прст за произведување звук или за придвижување на специјален механи Тој отиде кај пијаното и фати да преминува со прстите преку клавишите.