кривоверство | ср.
Верско учење што се противи на догмите на владејачката религија.
кривоврат | прид.
Што има крив врат;
кривоглед | прид.
Што гледа накриво; шашлив. Кривогледа невеста.
кривозаб | прид.
Што има криви заби. Кривозаб нерез.
кривоклетник | м.
Тој што криво се заколнал, што лажно се колне. Станаа кривоклетници пред светот. Кривоклетници го наклеветија.
кривоклетство | ср.
Заколнување на невистина. Кривоклетството се казнува. Не можам кривоклетство врз душата да си ставам.
криволево | прил.
На некој начин, некако, донекаде. Ја изгради куќата криво-лево
кривоног | прид.
Што има криви нозе. Кривоног фудбалер.
кривонос | прид.
Што има крив нос. Кривоносо момче.
криворог | прид.
Што има криви рогови; Криворог прч. Криворог брав.