куглање | ср.

Игра во која играчите од определена оддалеченост туркаат кегли, а победува тој што ќе турне повеќе.

куглар | м.

Тој што учествува во спортската игра куглање. Кугларите од нашиот град освоија три златни медали.

кугларница | ж.

Место со посебно уредена патека каде што се одвива куглањето. Во скопската кугларница се одржуваат натпревари во куглање.

кугла се | несв.

Се натпреварува во куглање.

кудач | м.

Тој што куди, што напаѓа некого со зборови. Овде има многу кудачи.

куди | несв.

Напаѓа некого со зборови, наоѓа мани, недостатоци, приговара. Тој го кудеше својот брат.

кужељ | м.

Оронет пченкарен клас.