мајмунлак | м.
Измама, шега, итроштина. Тој секогаш правеше разни мајмунлаци на кои цело село се смееше.
мајмунов | прид.
Што припаѓа на мајмун. Мајмунов опаш.
мајмунолик | прид.
мајовица | ж.
Зимна риба што се лови во месец мај, јуни во Охридското Езеро.
мајонез | м.
Сос од жолчки, растително масло, лимон и др.
мајор | м.
Офицерски чин помеѓу капетан и потполковник.
мајоризација | ж.
Победување со мнозинство гласови, надгласување.
мајоризира | св. и несв.
Надгласа, надгласува некого.
мајоритет | м.
Мнозинство гласови.
мајстор | м.
Самостоен занаетчија. Мајсторот ги учи чираците.