мешина | ж.

Овча кожа, изработена како вреќа, што служи за чување и за пренесување течност (вино и сл.).

мешка | несв.

мешлест | прид.

Што има голем мев, стомак. Полицаецот беше крупен и мешлест.

мешло | м.

Тој што има голем мев, стомак.

мешне | св.

Промеша малку. Одвреме-навреме ќе го мешнеше ручекот.

мешница | ж.

гајда.

мешовит | прид.

мештанин | м.

Припадник на месно население. Мештаните беа многу гостопримливи.

мешунка | ж.

Плод од пеперугоцветните растенија, обвивка, чушка, кожурец во која се сместени зрна (грав, грашок, боранија, и сл.).