микробиологија | ж.

Дел од биологијата што се занимава со проучување на микроорганизмите, микробите.

микробран | м.

Дел од електромагнетниот спектар кој е сместен помеѓу радиобрановите и инфрацрвените зрачења, неопходен за работа на телевизорот, телефонот и за пренесување податоци меѓу страните на Земјата и меѓу Земјата и сателитите, бран со бранова должина помала од 10 см.

микробранов | прид.

Што се однесува на микробран.

микроклима | ж.

Клима на долниот, приземен атмосферски слој, ограничена на определена средина, во дадена ситуација.

микрометар | м.

Единица за должина рамна на еден милионити дел од метарот; микрон.

Микронезија | ж.

Подрегион на Океанија, во северозападниот дел на Тихиот Океан.

микроорганизам | м.

Најмал организам видлив само под микроскоп; микроб.

микроскоп | м.

Оптичка направа со две леќи што служат за зголемување, се користи за проучување предмети и микроорганизми што не можат да се видат со голо око.