старовина | ж.
старовремски | прид.
Што е од старо време, старински, старомоден. Старовремска кутија за накит. Старовремско палто.
староградски | прид.
Што е својствен за градот и за животот во него во старо време. Староградска архитектура. Староградска облека. Староградски песни.
стародревен | прид.
Што постои или што потекнува од далечно време, од старо време, прастар. Стародревен обичај. Стародревна карпа.
старозаветен | прид.
Што се однесува на Стариот завет, што е од Стариот завет. Старозаветни книги. Старозаветен бог. Старозаветни пророци.
старолик | прид.
Што има стар лик, што изгледа стар. Старолик човек.
старомоден | прид.
Што е по старата мода, што не одговара на актуелната мода; модерен. Старомоден шал. Старомодно палто.
старосват | м.
Тој што врши извесни услуги за свадбени обичаи, близок другар на момчето; побратим 3.
старосватец | м.
старосватица | ж.
Таа што врши извесни услуги за свадбени обичаи, блиска другарка на невестата.