такс | м.
такса | ж.
Определена сума што се плаќа при извршување на некаква административна работа, при издавање или поднесување на некаков документ, при некаква услуга и сл. Административна такса. Судска такса. Државна такса. Такса за уверение. Такса за престој.
такса | св.
таксативен | прид.
Што може точно да се утврди, што е јасно изразен, определен.
таксен | прид.
Што се однесува на такса. Таксена марка.
такси | ср.
Услужно превозно средство, автомобил со кој се врши превоз на патници и прирачен багаж за определена цена.
такси- | претс.
Како прв дел од сложенка – што се однесува на такси: такси-возач, такси-превоз, такси-компанија.
таксидар | м.
Даночник.
таксилдар | м.
таксим | м.
Централно место каде што нешто се дели, се распределува на еднакви делови.