гаќарест | прид.

За гулаб, за кокошка и сл. – што е со долги пердуви на нозете. Главата ја имаше кренато невообичаено високо како гаќарест петел.

гаќарка | ж.

Вид кокошка со долги пердуви на нозете.

гаќарко | м.

Човек облечен само во гаќи. Летно време сите беа гаќарковци.

гаќат | прид.

гаќерест | прид.

гаќест | прид.

гаќи | и.

Долна облека, обично од памук, за долниот дел од телото, со или без ногавици. Човекот на себе имаше само кошула, гаќи и нови опинци.

гакне | св.

Испушти глас како гуска, гака малку. Гуската цел ден не гакна ниту еднаш.

гаќник | м.

Врвка за врзување гаќи; учкур. Гаќникот постојано му се одврзуваше.