аматеризам | м.

Работа, дејност на аматери.

амајлија | ж.

Мал предмет, со запис или без запис, што се носи со себе како заштита од несреќа, болест, уроци, според верувањето на некои. Беше убеден дека куршум не го фаќа, бидејќи го штити амајлијата.

амбалажа | ж.

Материјал што служи за пакување. Пивска амбалажа. Картонска амбалажа.

амбалажен | прид.

Што служи за амбалажа.

амбар | м.

Дрвена зграда за зрнеста храна; магацин. Мажите истоварија јачмен и 'рж по амбарите.

амбасада | ж.

Дипломатско претставништво од прв степен. Песните во оригинал на шпански ги читаше претставник на чилеанската амбасада.

амбасадор | м.

Дипломатски претставник од прв степен. Слушам јас за дипломатијата, само не знам за која земја го токмите амбасадор.

амбер | м.

Мирислива смола со која се кадат собите на Исток.

амберија | прид.

Што мириса на амбер.

амбивалентен | прид.

Што има двојна вредност. Амбивалентен живот.