грозник | м.

Грд маж. Не можеше да се омажи за тој грозник.

грозница | ж.

Треска.

грозота | ж.

Грдост. Грозотата ја криеше со убава облека.

грозјар | м.

Човек што многу сака да јаде грозје. Од мал беше грозјар.

грозје | ср.

<BOTTANICS> Плод на виновата лоза; грозд. На пазарите имаше изобилство од црно и од бело грозје. Суво грозје.

гром | м.

Нагло електрично празнење во атмосферата придружено со молскавици и со татнежи. Затрештија громови на небото.

громобран | м.

Уред што е поставен на зградите и ја одведува електричната струја на громовите в земја.