доистури | св.
Истури нешто до крај, испразни. Доистури го гравот од вреќата. Доистури ја водата од шишето.
доистурка | св.
Истурка сѐ, сите до еден. Ги доистурка кеглите.
доисуши | св.
Исуши сосема, доволно.
доисфаќа | несв.
Исфаќа сѐ, сите до еден.
доисфрли | св.
Исфрли сѐ, сите до еден.
доисхрани | св.
Исхрани до крај, сите. Работеше напорно да го доисхрани семејството.
доисцеди | св.
Исцеди до крај, доцеди.
доисцрпи | св.
Исцрпи сѐ, до крај.
доисчека | св.
Исчека сѐ, сите до еден. Ги доисчека да влезат сите, па потоа почна да зборува.
доисчисти | св.
а) Исчисти сѐ, сите до еден. Откако се одмори, ги доисчисти рафтовите. б) Исчисти нешто до крај, сосема. Го доисчисти станот.