експанзија | ж.

Проширување, пораст, освојување.

експедира | св. и несв.

Испрати, испраќа, пратка или порака.

експедитивен | прид.

Брз, исполнителен во вршењето на работите.

експедитор | м.

Лице што се занимава со испраќање пошта или други пратки; испраќач.

експедиционен | прид.

Што има особини, цели или задачи на експедиција. Експедиционен одред. Експедиционен престој.

експедиција | ж.

Служба, оддел за испраќање пратки.

експеримент | м.

Научен, школски или друг вид опит, оглед или проба со цел да се провери нешто или да се добие некаков резултат.

експериментален | прид.

Што има особини, што се засновува на експеримент. Експериментален опис. Експериментален зафат. Експериментален фактор. Експериментална паралелка.

експериментатор | м.

Лице што прави, што извршува експерименти.

експериментира | св. и несв.

Изврши, извршува, направи, прави експеримент.