епилептичар | м.
Лице болно од епилепсија.
епилептичен | прид.
Што има знаци на епилепсија. Епилептични напади.
епилог | м.
(лит.) Поговор, завршен дел од некое литературно дело, еден вид заклучок. Оваа книга нема епилог.
Епир | м.
Област во Грција.
епископ 1 | м.
Лице од повисок ред во хиерархијата на православната црква што раководи со свештениците во едно црковноадминистративно подрачје; владика.
епископ 2 | м.
Проекциски апарат што ја прикажува сликата на непровиден предмет на рамна површина (екран).
епископат | м.
Сите епископи на црквата на една земја.
епископија | ж.
Црковна област под управа на епископ.
епитаф | м.
Краток натпис во стих или во проза на надгробна плоча, надгробен натпис.
епител | м.
Тенко, површинско ткиво на кожата (и на слузниците) што ги покрива надворешните и внатрешните делови од телото.