ждреба | несв.

Одлучува, донесува некоја одлука со помош на ждреб; фрла коцка. Сега јас ќе ждребам.

ждребе | ср.

Младо од коњ. Ждребето беше немирно и палаво.

ждребен | прид.

За кобила што ќе се ождреби. Ждребната кобила не ја товараме.

ждребец | м.

а) Машко ждребе. б) Расен коњ за приплод.

ждреби се | несв.

Донесува на свет ждребе. Кобилата се ждреби секоја година.

ждребица | ж.

Женско ждребе.

ждрело | ср.

Просторот меѓу гркланот и хранопроводот, зад носната и усната празнина.

ждрига | несв.