вуложи се | св.

Стане улог, добие телесен физички недостаток, мана. Сакат одел, се вуложил.

вусполница | ж.

Извезени фигури на долниот дел од кошулата во народната носија.

вутри | прил.

Со превиткување, здиплување, да стане тројно, трикратно, во три слоја. Го свитка вутри и го напика во торбата.

вучетири | прил.

Четворно, во четири слоја. Ги дипли вудве, па вучетири и ги внесува внатре.

вцица | св.

Испие, исцица. Земјата ја вцица потта.

вцрвени се | св.

Стане црвен, се зацрвени, се зарумени. Од отровот се вцрвени. Белките на очите му се вцрвенија.

вцрви | св.

Направи да стане црвен, да поцрвени, да зарумени. Неговите очи ја вцрвија девојката. Му го вцрви вратот со јажето.

вцрвоса се | св.

Црвоса, се исполни со црвје. Дрвото се вцрвоса.

вцрене се | св.

Се возбуди, се вознемири, се вцрви од возбуда. Како тоа? ‒ се вцрени старецот.