вазелин | м.

Маст што се користи во медицината, козметиката и во техниката.

вазне се | св.

Зјапне. Што си се вазнал!?

вај! | изв.

Изразување на болка или жалост.

ваја | несв.

Изработува, обликува уметнички пластични предмети, фигури од гипс, глина, дрво, мермер и сл.

вајар | м.

Уметник што се занимава со вајање; скулптор.

вајарство | ср.

Уметност на вајање, на изработување скулптури. Современо сликарство и вајарство.

вајкар | м.

Вткаени линии по должината на платното, по основата.

вака | прил.

На овој начин. Би се согласиле и вака. Сепак сето тоа мораше да заврши вака.

вакантен | прид.

Што е празен, испразнет, слободен. Вакантно место.