жалит | прид.

Однадвор допира жалита песна.

жалител | м.

Поднесувач на жалба. Жалителот ја повлече жалбата.

жалник | м.

Лице што е жалосно, несреќно, бедно. Жалникот мој! Поарно да умреше со другарите.

жаловен | прид.

жаловит | прид.

жалосен | прид.

жалослив | прид.

Што е милостив, сожалив, со меко срце. Неговата жена беше многу жалослива и на сите им помагаше. Тој беше жалослив кон сиромасите.

жалост | ж.

Душевна болка, тага, жал. Неговата постапка ми причинува жалост.

жалости | несв.

Прави некого жалосен, нанесува некому жал. Тој не сакаше да ги жалости срцата на своите родители.