жакард | м.

Техника на плетење или ткаење во повеќе бои, со карактеристичен преплет.

жакет | м.

Кусо машко или женско палто. Тој ја вовлече раката во внатрешниот џеб од својот жакет.

жал | м.

Тага, мака, душевна болка. Само една тешка жал ме налегнала. Таа знае колку и какви маки и жалови истрга.

жала (се) | несв.

жалба | ж.

Изразување (обично писмено) незадоволство од некоја неправилност со молба да се отстрани. Тој поднесе жалба до судот. Жалбите на селаните против власта не беа прифатени.

жалбен | прид.

Што се однесува на жалба. Жалбена постапка.

жалевит | прид.

жален | прид.

Што изразува жал. Жален поглед. Жален глас. Жален израз на лицето.

жали | несв.

Чувствува жал за нешто изгубено, поминато, неостварено. Жалеше за изгубената младост.